Маријан Стојановски стана татко: Среќен сум до немајкаде

Некогашниот поп-пејач Маријан Стојаноски стана татко. Тој и неговата  сопруга Наташа Каранџуловска, ја добија ќерката Вероника. Бебето се роди утрово околу а часот. Породувањето поминало во најдобар, ред, речиси за 20 минути, а мајката и бебето се добри.

“Многу сум среќен, возбуден до немајкаде. Уште не ми се верува дека станав татко. Имам испомешани чувства. Ќерката ќе се вика Вероника. Личи на мене. Породувањето помина многу лесно, траеше само 20 минути. Бебето е тешко 3.5 кг, долга е 52ссанитиметри“, изјаво Маријан Стојановски за Репоретр.мк

Маријан Стојаноски кој работи во МОБ, како оперски печај,  се ожени неодамна со својата долгогодишна девојка Наташа Каранџуловска, во време на корона. Тие носеа маски на лицето, а покрај кејот на Вардар, направија фотосесија, а сликите ги објавија на социјалните мрежи. „Фамилија Стојановски“, се пофали тогаш Маријан, а пријателите им честитаа и порачаа дека се многу романтични дури и во време на корона.

 

Scroll to Top