Маријана на Росана стана баба за Велигден

Маријана Новачевска, сестрата близначка на Росана Сариќ Тодоровска, за Велигден стана баба. Нејзиниот син Филип стана татко, на девојче кое го доби името Ева.

„Денес на Велигден, Господ ги послуша моите молитви и како подарок ми донесе мало ‘срцуленце’, моја внука, бабино сонце“, напиша Маријана на „Фејсбук“.

Маријана со синот Филип и снаата Андреа

Раѓањето на внуката го прослави и нејзината сестрата Росана.

„На овој убав ден, на Велигден, пак, станав баба. Многу сме среќни. Добро ни дојде на свет, наше сонце најмило. Јас баба по втор пат, а мојата Маријана за прв пат“, напиша Росана, која пред неколку години го доби внукот Ноах, од нејзината ќерка Ивана.

За потсетување, Маријана повеќе од 20 години живее и работи во Австралија. Од бракот со композиторот Тоде Новачевски ги има синот Филип и ќерката Магдалена.

Scroll to Top