Марта Димковска и Стефан Апостоловски се пласираа на Европското првенство во карате, кое следната година од 7 до 10 февруари ќе се одржи во Данска.
Марта на Балканското првенство во Дубровник, Хрватска, се натпреваруваше во кадетска конкуренција до 54 килограми, а Стефан Апостоловски У21 до 67 килограми.
Димковска постигна одлични резулати, а Апостоловски во 4. коло за влез на финалниот натпревар загуби од светскиот шампион од Хрватска и во репасаж го освои третото место.
Со ова младите каратисти си обезбедија директен влез на ЕП. Претходно Марта и Стефан на државното првенство за кадети-јуниори У12 ги освоија првите места, со што обезбедија учество на Балканското првенство.