Мартинијан Кириловиски, имаше одличен насстап на почетокот во новата сезона во „Ѕвездите на Гранд“. Кумановецот во последната емисија настапи со „Грлица“ од Жељко Самарџиќ и „Параноја“ од Тропико Бенд“.

За одличниот настап беше награден од жирито. По три гласа доби од Ана Бекута, Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша. Ана и Марија ги повлекоа своите гласови и не сакаа да бидат негов ментор, додека пак Карлеуша го задржа својот глас „да“.

„Многу си сладок и имаш убава насмевка. Ако сакаш да станеш ѕвезда мора да направиш се за да те сакаат жените. Тоа што пелтачиш мене на некој начин ми е секси. Јас ќе те научам како да бидеш голема ѕвезда“, изјави Карлеуша по настапот на Кириловиски.

Другиот член во жирито Драган Стојковиќ Босанац посочи дека повеќе мила му е народната музика и дека во својата група повеќе би сакал да има народни отколку поп пејачи.

„Браво момче, само напред“, напиша Жељко Самарџиќ на видеото кој Кириловски го објави на Инстаграм.