По 25 години култната група „Меморија“ издаде албум на кој се снимени 11 песни. Албумот е под наслов „Меморија антологија балади“.
Покрај новото цеде, „Меморија“ се подготвуваат и за претстојниот концерт кој ќе се одржи на 18 ноември во Матрополис арена. Подготовките се во тек, а членовите на бендот засега сами го финансираат концертот.
Во план е уште едно цеде „Меморија грејтис хитс“.. На концертот гости ќе бидат групата „Зијан“, Мики Јовановски Џафер и Пере од „Нокаут“.
Продажбата на картите за концертот на „Меморија“ е во тек, а цената е 500 денари.