Козметичкиот брендот „Rhode“, основан од Хајли Бибер, има нов производ. Станува збор за футрола за мобилен телефон која служи и како држач за балсам за усни „Rhode“. Маската е дизајнирана едноставно да привлече внимание.
Оваа маска одговара само на балсамот за усни „Rhode“, и нема да биде корисна за складирање на друг мелем или производ. Како што е наведено на официјалната веб-страница оваа маска е силиконска и е компатибилна со iPhone 14 и 15 Pro и Pro Max. Не е веднаш достапна за купување, треба да се ставите на листа на чекање, а официјално ќе биде достапна утре. Цената е 35 долари или околу 32,32 евра.
Бибер ја објави маската на својот Инстаграм преку неколку објави, вклучително и видео на кое таа лежерно се шминка на Супербоул, користејќи сопствен бренд на балсам за усни уредно сместен во маската.
„Се надевам дека маските не се органско издание“, „Подготвени сме“, „Конечно. Толку време ви требаше за маските“, „Ова ни треба во Бразил“, „Најдобра маркетинг стратегија досега“, Никогаш не сум сакал повеќе во мојот животен производ“, „Ми треба оваа маска“, се дел од главно позитивните коментари на објавите.