Изгоре до темел станот на Натали Башоски, студентка по режија во Њујорк и фотограф. Натали (20) објави дека и се запалил станот со сите нејзини работи во него.
„За среќа не бев таму, а ниту пак некои од моите цимери е повреден. Успеав да го спасам пасошот, нешто од облеката, ама се друго изгоре во пожарот“, вели Башоски.
„Мојот фотоапарат, лаптоп, 7 хард дискови, моето уметничко дело, обелеката, чевлите, сите мои предмети што ги имав беа во мојата соба и тие беа уништени од огнот“, додава таа. Вели дека како студентка немала многу пари, а сега останала буквално без ништо.
„ Црвениот крст ни обезбеди хотел спиење во хотел за две ноќи и сите мои драги пријатели ми понудија да преспијам. Сега ми требаат пари за да започнам нов живот“, вели таа. На социјалните мрежи веќе почнале да се собираат пари за Натали, бидејќи е отворен и линк за донации.
Натали е од Пештани, а студира филмска режија во Њујорк.