Поранешната водителка и инфлуенсерка Миа Костова добива смртни закани од брачната двојка Константин Плевнеш и Марија Пијанманов. До толку што планира да ги пријави во полиција откако ѝ го спомнале детето, а ѝ рекле и да си купи лопата за гроб.
„Девојката халуцинира дека сум организирала некој пакт против неа, а ниту јас ниту Сергеј не сме ја спомнале некогаш во животот. Па на лајв маж ѝ рече: ‘Миа, пази се и купи си лопата за гроб’. Ми порача дека и детето ќе ми го снема. По ова морав да реагирам и планирам ја ги пријавам во полиција“, вели Миа Костова за Репортер.
Целата драма почна уште вчера вечерта откако Миа во видео објави дека имала закани од брачната довојка, но и дека нема да им остане должна.
„Морам да кажам дека досега во ниеден контекст не сум ја спомнала, а таа се дрзнала да ме стави во уста. И за да не останам должна ќе објавам многу работи за неа. Освен тоа, сопругот на Марија Константин се заканува по пораки, и тоа смртни закани и двајцата шират говор на омраза“, пишува Костова која најави дека „ќе го приложи животот на Пијанманов во јавност“.
Таа објави дел од видетата и пораките и најави дека најинтересно допрва доаѓа од сè што планира да објави за Марија и Константин.
Марија се огласи на Инстаграм, па вели дека Константин морало да си ја брани својата жена од ботовите кои наводно ги испраќала Миа
Крв ќе падне меѓу Миа Костова и Марија Пијанманов: Закани по живот, навреди, пцовки – Reporter.mk