Мија Стерјовска е најубава жена на Медитеранот

Деветнаесет годишната Мија Стерјовска од Македонија освои нова титула и стана Мис Медитеран за 2023 година. Таа победи на годинашниот избор кој се одржа во Кипар, а убавата вест ја сподели нејзиниот ментор Мики Црнокрак.

„Победа за Македонија и модното студио Црнокрак. Мија Стерјовска е новата Мис на Медитеранот“, рече Црнокрак по прогласувањето на Мија за Мис Медитеран.  

За потсетување, Мија минатата година ја освои титулата Кралица на убавината на изборот што се одржа во Истанбул, Турција. Како член на модното студио „Црнокрак“ ја доби наградата за најубава меѓу 30 кандидатки од триесет држави од Евроазија.

Scroll to Top