Милена Антовска разочарана: Замислете, визирот сум го носела за пари!

ТВ водителката Милена Антовска-Станковска  секојдневно на работа е во комуникација со луѓе. Па откако пред неколку дена беше објавено дека еден од вработените новинари во нејзината матична телевизија , Канал 5, е заразен со коронавирус, зголемени се мерките за заштита во телевизијата.

Сепак, Милена наиде на такви кои се потсмевале за визирот кој го носи додека е во контакт со соговорниците, а други пак ја прашуваат дали го носи визирот за пари, односно го рекламира.

Веројатно иритирана од ваквите коментари на нејзина сметка, Милена им се обрати јавно:

„Да ги поздравам сие кои ми упатија„смешни“ коментари за визирот кој го носам додека снимам и разговарам со 10 луѓе дневно. Да, визир се вика, а не шлем. Прво и основно, го носам затоа што морам, а не затоа што сакам. Второ и исто така важно, го носам затоам што тоа е препорака од надлежните и моите претпоставени. Трето, ќе нисам и скафандер ако треба за да се заштитам. Четврто и најсмешно е дека добив прашање дали го носам за пари, односно дали го рекламирам визирот? Замислете!, пишува Милена на својот профилот на Инстграм.

 

Scroll to Top