Министерот за образование, Арбер Адеми, и министерот за економија, Крешник Бектеши, се заразени со коронавирус. Двајцата на социјалните мрежи открија дека се позитивни на Ковид-19, Бектеши вчера, а Адеми денес.
Адеми имал благи симптоми по што решил да се тестира, а Бектеши вели дека нема никакви симптоми.
Адеми апелира до граѓаните да ги почитуваат протоколите поради сопственото здравје и здравјето на најблиските и да се придржуваат со сите пропишани мерки за заштита.
И Бектеши е со слична порака.
„Би сакал да ве известам дека и покрај максималните напори и почитување на протоколите, штотуку сум информиран дека сум позитивен на Ковид-19, од тестот направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми, а членовите на моето семејство добија негативен тест. Ве повикувам да ги почитувате протоколите, ви посакувам сè најдобро вам и на вашите семејства“, напиша вчера Бектеши.