Мис Европа 2025 во Бејрут: Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка е петта придружничка, Соња Арсовска од Кавадарци Мис најдобар костим

Двете убавици кои ја претставуваа земјава на изборот за Мис на Европа 2025 во Бејрут, Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка и Соња Арсовскa од Кавадарци, освоија титули.
„Двете успеаја да освојат титули. Во конкуренција на 50 девојки од цела Европа, Јулијана го освои одличното 6. место, односно титулата петта придружничка (5th RunnerUp), додека Соња ја освои титулата Мис најдобар костим (Miss BEST COSTUME). Победничка е претставничката на Русија Јулија Павликова, првата придружничка е од Украина, а втората од Грција“, велат од модното студио Црнокрак.
Двете наградени девојки се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој избор за убавина и во чија организација девојките патуваа во Бејрут и учествуваа на изборот.
Финалето се одржа во клубот Куора во Бејрут, во организација на либанската агенција Стајл ивентс организејшн (Style Events Organization), која веќе 20 год е организатор на изборот за Мис Европа.
Ѓорѓиевска остана во Бејрут каде во иста организација следи изборот за Светски следен топ модел 2025, избор на кој таа исто така ќе учествува и ќе ја претставува Македонија.

Scroll to Top