Пратенкот Јован Јаулески заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицковски беа дел од спортската кајакарска тура ,,По врвиците на македонската државност од Ташмаруниште до Глобочица”. Тој на социјалните мрежи напиша оти денес имале прекрасно доживување.
“ Прекрасно доживување, дружење и разговори за големиот празник на Републиката кој ни претстои. Да живее Илинден! Да живее Македонија„, вели Јаулевски.