Со улогата на секси собарката Исаура во „Преспав“ актерката Емра Куртишова (34) стана една од омилените на јавноста. Улогата ѝ донесе популарност и кај возрасните, бидејќи како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје, помладата публика веќе ја знае. Родена е во Скопје, во населбата Кисела Вода, а подоцна заминала да живее во Скопје Север, каде заради другарка ѝ ја засакала глумата.
Вели не ѝ било тешко да ја игра Исаура, оти и таа, како Емра е Ромка.
„Па во Исура се крие она што ние Ромите си го носиме во нас, еве на пример, таа е гатачка, полесен начин да заработи пари. Иако многу работи не ми се допаѓаат кај Исаура, таа е сепак забавен лик и јас уживам кога ја играм. Види, Исаура, си ги знае своите права како Ромка, баш тоа го користи како оружје, па не дај Боже да ѝ згрешиш, одма се заканува со тужба во Стразбур“, низ насмевка раскажува Емра.
Популарноста, вели дека и годи, иако не секогаш било вака. Во 2014 година таа се соочи со ситуација кога беше дискриминирана затоа што е Ромка, па ни ја раскажа и случката заради која се почувствувала понижена .
Освен што ни откри дека не готви, ама „кога ќе фати да готви, готви многу лошо“, зборувавме за сè… За приватниот живот, за детството, зошто не научила ромски, за студиите по глума, за Исаура, за дискриминацијата како Ромка и зошто има секси презиме… Гледајте го интeрвјуто.
Александра Георгиев