Мурал со француски шмек во центарот на Скопје

Светскиот уметник, муралистот Векс ван Хилик, деновиве изработува мурал на зградата над Билната аптека, во центарот на Скопје. Градот го поддржал проектот на Младинскиот културен центар (МКЦ) за изработка на повеќе мурали на фасадите на зградите во центар, но и во другите општини, со финансиска поддршка од 1.250.000 денари.

„Лани два мурала ја украсија фасадата на МКЦ, едниот го изработи групата ЗЕРО, а другиот од е од 40 уметници од земјава. До крајот на годинава ќе бидат изработени уште десетина мурали од повеќе уметници од Европа, Азија, Северна и од Јужна Америка“, велат од Град Скопје. Уметникот Векс ван Хилик е роден 1988 година во југозападна Франција. Под влијание на своите постари браќа тој почнал да слика уште од дете, а инспирацијата ја нашол во флората и фауната. Хилик подоцна развива сопствен стил: сонувачки, надреален, истовремено вметнувајќи други влијанија.

Scroll to Top