Струмица по четврти пат ќе стане центар на регионалната музичка сцена, кога оваа година на 7 септември ќе се одржи големата Get EXITed забава која редовно собира илјадници посетители од цела Македонија и регионот.
Публиката ја очекува незаборавна вечер во која на иста бина ќе се одвиваат настапите на светската диџејска суперѕвезда Џекс Џонс и регионалните ѕвезди меѓу кои се Бејби Лазања, еден од најбараните изведувачи на нашите простори, како и легендите на регионалната рок сцена, Бајага и Инструктори.
Сега веќе традиционално, фестивалската манифестација ќе се одржи во Големиот струмички парк, а влезот ќе биде слободен за сите посетители.
Во текот на изминатите години, Струмица ги пречека големите имиња од светската и регионалната сцена како Џон Њуман, Бурак Јетер, Дебора Де Лука, Сенида, Махмут Орхан, Констракта, Ван Гог, 2Бона и многу други, привлекувајќи илјадници посетители.
Следејќи ја традицијата, оваа година, Get EXITed забавата во Големиот градски парк на 7 септември носи нови изненадувања и извонредни настапи. Од првите тактови па сè до раните утрински часови, публиката ќе има прилика да ужива во моќни поп-мелодии збогатени со гитараски рифови и енергичен рок, а надополнети со актуелниот светски електронски звук.
Останатиот дел од целосната програма ќе биде познат наскоро.
фото:егзит промо