На публиката ѝ недостигал Дарио, распродаден првиот и закажан втор концерт

Првиот концерт на Дарио и Миг 21 кој ќе се одржи на 17 февруари е распродаден. „Авалон“ продукција кој го организираат, најави и втор концерт кој ќе се одржи на 18 февруари.
„Задоволство ни е да ви соопштиме дека првиот концерт од проектот 40 години Дарио и Миг 21 е официјално распродаден. Поради големиот интерес кој се’ уште трае, закажан е и втор концерт кој ќе се одржи во Македонската Филхармонија на 18-ти февруари. Концертите се по повод 40 години од кариерата на Дарио, а во склоп на проектите со кои Авалон Продукција слави 30 години постоење.
„Во Македонската Филхармонија, македонската публика ќе има можност во блиска средба со македонската поп легенда да ужива во многуте безвременски хитови, изведени во живо со Миг 21, во уште поатрактивни аранжмани од студиските верзии. Иако интересот за проектот 40 години : Дарио и Миг 21 станува се’ поголем и поголем, поради недостаток на слободни термини во Македонската Филхармонија, вториот концерт ќе биде воедно и последен“, велат од Авалон.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (8ми февруари) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и ширум продажната мрежа на Aвалон по цена од:
1.200 денари и ВИП – 1.500 денари
Scroll to Top