Младата талентирана пејачка која постојано ги полни социјалните мрежи со свои фотографии, Зои Блаж конечно го исполни својот сон.
Имено, пејачката која досега ги разубавуваше своите најдобри другарки, од сега тоа ќе го прави и комерцијално за сите дами кои сакаат да изгледаат убаво.
Во изјава за Репортер, Блажева открива дека откако ја пронашла љубовта на својот живот, ракометарот Тадеј Матијашиќ, тргнала во мисија да го исполни својот најголем сон.
– Сакам убавите жени да се чувствуваат совршени, да ја истакнат максимално својата убавина и по патот да чекорат сигурно и цврсто. Шминкањето за мене е нешто многу убаво и нешто што со задоволство го работам. Сакам на сите дами да им ја презентирам мојата бајка која до сега ја живеев само со моите најблиски другарки, открива Блажева.