Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ синоќа после долга пауза заради пандемијата одржа целовечерен концерт на платото пред Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, во рамките на манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“.
„Танец“ блесна во полн сјај и со полн капацитет, а целокупниот настап беше одбележан со стоечки овации од стана на публиката.
Меѓу присутните беа градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, со неговиот гостин од Бугарија, градоначалникот на Гоце Делчев, Владимир Москов.
Настапот беше дел од новата сезона на оваа национална установа, симболично наречена „Враќање“.
Целата сезона е во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, но и во духот на отпочнување на новиот сценски живот, после долгата глобална здравствена криза.
фото: официјалната фејсбук страна на „Танец“