По пишувањата на медиумите во Македонија дека фолк-пејачот Наум Петрески исчезнал во океанот по силното невреме близу Сиднеј, од продукцијата на пејачот велат дека Наум е добар и дека се враќа кај своите пријатели. Петрески со четворица пријатели, меѓу кои и Стив од групата „Куку леле“ утрово со јахта тргнале на риболов. Додека пловеле, ги зафатило силно невреме и на кратко им се изгубила трагата.
Од продукцијата што го организира гостувањето на Наум во Австралија додаваат дека заради невремето се изгубила мрежата на мобилните телефони и дека паниката настанала оти не можеле да стапат во контакт со нив.
Пријателите на Наум пред тргнувањето на социјалните мрежи се пофалија дека заедно одат по риба. Тие објавија слики од дружењето и пред да тргнат на риболов и откако ги уловиле првите риби.
Пејачот неодамна замина на турнеја во Австралија заедно со сопругата Зуица Лазова и неколку музичари од Македонија.