Нека умрам среќна и најадена!

Aктерката и пејачка Тања Кочовска-Павловска е една од омилените актерки пред сè на децата, па и на возрасните. Таа долги години беше во Театарот за деца и младинци, а летото премина во МНТ. Неодамна беше гостинка во новата емисија на Драган Б.Костиќ (на ТВ 24), каде што покрај другото, зборуваше за љубовта кон храната, но и за килограмите, за што актерката секогаш знае да направи шега на своја сметка. И овој пат раскажа дека еден професор Македонец од Њујорк ѝ кажал дека мора да ослаби минимум 10 килограми бидејќи животот со оваа тежина ќе ѝ се скрател за 10 години.

„А јас на тоа му одговорив дека може животот да ми се скрати и за 15 години, но од јадењето не се откажувам, па нека умрам среќна и најадена. Нормално дека човекот сакаше со овој совет да ми направи добро“, рекла Кочовска.

Тања Кочовска со семејството

„Имам 52 години и не ми пречи тежината, немам проблеми, некои послаби луѓе имаат повеќе здравствени проблеми. Јас сум доста подвижна, дури и во ‘Мама миа’ скокам од маса и немам никаков проблем со тоа што скокам. Еве, да бидеме искрени, кариерата ја направив на ликови на дебели жени, на јаки жени, на силни жени. Не е проблем да ослабам, ама тоа нема да биде тоа“, раскажа Тања.

Актерката раскажа дека многу сака да готви, а дека послужувањето пијалак во различна чаша ѝ е посебен ритуал.

Со сопругот и колега Предраг

„Сакам да готвам, сакам да седнам на маса и сакам секого да го прашам од каква чаша сака да пие сок, вино, ракија. Тоа ми е ритуал. И како што кажав, сакам да готвам, и тоа необични јадења“, рече во емисијата Тања.

Цел живот посветена на глумата
Scroll to Top