„Нетфликс е топ за тепање време во изолацијата“- Таско за деновите дома

Музичарот Христијан Тасковски – Таско не дозволува изолацијата да го спречи во секојдневната рутина што ја имал претходно. Вели, иако седи дома, вежба, создава музика и се придржува до мерките за заштита.

„Поголемиот дел од денот сум пред компјутер – или снимам песни или гејмам. Во прицип гледам да останам продуктивен и да не изгубам од секојдневните рутини што ги имав пред да започне пандемијата, како вежбање и креирање на нова музика. ‘Нетфликс’ е неминовен во целава ситуација и мислам дека е добра алатка за ‘тепање’ време. Знам да гледам некоја серија или филм, а љубител сум на документарни серии и филмови па таму има голем избор на сè што не сум изгледал до сега“, откри Таско за „Репортер“.

Миленикот на тинејџерите препорачува секој да го прави тоа што најмногу го забавува, но и да води сметка за максимална хигиена, и покрај тоа што се седи дома.

А. Јовановска

 

Scroll to Top