Невена Кочовска незаменливата пејачка на „Мањифико“ слави 80. роденден

Незаменливата Невенa Кочовска, некогашната пејачка на групата „Мањифико“ денес го слави својот 80. роденден. Роденднската честитка прво стигна од актерката Тања Кочовска, која објави на социјалните мрежи, а потоа се редеа честитки..

Тања објави  две фотографии од мајка си. Едната кога била млада, а другата од  денешницата.

„80“, напиша таа под колажот фотографии.

Јавноста дозна дека Невена боледува од Алцхајмер, откако таа се изгуби и нејзината ќерка Тања алармираше за нејзиното исчезнување преку социјалните мрежи. За среќа таа беше бргу пронајдена жива и здрава.

Во интервју за „Репортер“, Тања раскажа дека за тоа дека мора да им се помогне на овие лица, затоа што Алцхајмеровата болест прогресира и многу е тешко кога дома, како што вели таа, имате лице кое боледува од ова.

„Во прашање се веќе неколку години. Но, болеста прогресира. И знаете како, велат дека Алцхајмер е болест на целото семејство, и навистина е тешко. Сите сме околу неа, и јас, и мојата сестра Лидија, и целото смејство“, раскажува Тања за „Репортер“ .

„Алцхајмер е болест на целото семејство“: Искрено со Тања Кочовска за болеста на мајка ѝ Невенка

Scroll to Top