Македонскиот голман и ракометар на Вардар, Борко Ристовски, на денешната закажана прес конференција за новинарите, дојде со сопругата Нина и ќерката Анастасија.
Сопругата со ќерката дојде како поддршка за Борко кој денес на новинарите им ја објасни состојбата за неговата суспензија од МОК.
За потсетување, Борко годинава вторпат стана татко, а за „Репортер“ ни рече дека е пресреќен што добил ќерка која ја крстиле Анастасија по празникот Св.Атанас.
„Ќерката требаше да има друго име, Ирис, но бидејќи се роди на празникот Св. Атанас, решивме да се вика Анастасија“, рече Борко кој со Нина го имаат и синот Душан.
https://reporter.mk/nashi-faci/borko-ristovski-ke-go-tuzham-dimevski-na-megunarodniot-sud-vo-lozana-a-parite-shto-ke-gi-dobijam-ke-im-gi-podelam-na-fudbalerite-i-rakometarite-na-vardar/?swcfpc=1