Утрово, со решение на Министерствто за култура, сменета е од функцијата в.д. директорка на Театар „Комедија“, Нора Шаќири-Марковиќ. На нејзино место е поставена актерката Магдалена Ризова-Черних.
Оваа одлука доаѓа само пет дена по пишувањето за неа дека вршела мобинг врз вработените во театарот и дека некои од нив ја пријавиле.
Од Министерството за култура потврдија дека е разрешена од директорската функција. Смената на Нора доаѓа нецели десет месеци по назначувањето. Таа беше именувана за в.д. директор на 2 февруари годинава кога беше разрешен дотогашниот директор Сашо Ристовски поради финансиски неправилности во работењето.