Нова победа на Калин Ивановски, следи четвртфинале на турнирот во Романија

Калин Ивановски го продолжи настапот на Челинџер турнирот во Јаши, Романија, овојпат со пресврт совлада нов домашен теренисер, Филип Кристиан Јиану.

Романецот подобро влезе во мечот, го доби првиот сет со 6-3,  но Ивановски одговори во вториот, го доби со 6-4 и изедначи на 1-1.

Во третиот, решавачки сет, Ивановски беше подобар со 6-3 и дојде до триумф од 2-1 во сетови.

Во четвртфиналето Ивановски ќе игра против Стевен Диез од Канада, тенисер кој е речиси 100 позиции подобар од Македонецот. Се наоѓа на 278 место на АТП листата.

Scroll to Top