Новинарите подобри фудбалери од пејачите

Од 20 до 24 декември во организација на „Спортско радио 90.3“ се одржа турнирот во мал фудбал на медиуми. Победник во финалето беше екипата на РТВ „Велес“. Таа беше подобра од тимот на „Спортско радио 90.3“ и победи со 5-3, иако на полувремето губеа со 3-1.

Веќе неколку години за екипата на „Спортско радио 90.3“ настапуваат пејачите Влатко Лозаноски, Стефан и Мартин од „Некст тајм“, музичарот Илија Филиповски, а голман на екипата е Мики Црнокрак.

Освен официјалниот турнир, на кој настапија екипи од неколку медиуми од земјава, се одржаа и ревијални натпревари помеѓу претставниците на Економскиот и Правниот факултет, помеѓу спортските легенди од Скопје и од Битола и помеѓу пејачките и новинарките.

Scroll to Top