Од вечер „Зоки Поки“ и на РТС, македонската детска серија растури во Европа и во регионот

Од денес македонската детска серија „Зоки Поки“ ќе се прикажува во Србија. РТС пушти рекламен спот во кој ги информира своите гледачи дека после Германија, Норвешка, Данска, Шведска и Финска, „Зоки Поки“ доаѓа и во Србија.

Секоја сабота од 8:30 часот на РТС 2 со превод на српски јазик.

Серијата е модерна екранизација на лектирата од писателката Оливера Николова, објавена во 1963 година. Веќе постигна огромна гледаност и популарност во Македонија.

„Се радувам што серијата ќе се прикажува и во Србија. Голем е предизвикот ‘Зоки Поки’ да се емитува на РТС која негува висок квалитет на продукција, особено во последните години кога во оваа држава има експанзија на производство на голем број квалитетни серии. Со нетрпение ја очекувам реакцијата на децата од соседна Србија“, вели продуцентот на серијата Роберт Насков.

„Зоки Поки“ премиерно се емитуваше на првата програма на МРТ во периодот од мај до јуни 2020 година. Скоро беше најавено емитувањето на серијата и низ цела Скандинавија, односно на националните телевизии SVT во Шведска, NRK во Норвешка, DR во Данска и YLE во Финска.

Scroll to Top