Остаре ќерко

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева денес го прославува почнолетството на нејзината ќерка Лора.

„Во моето племе од денес има уште една полнолетна дама. Ќерко моја, те посакав, замислив и засакав уште пред да те родам. Не знаев дека ќе бидеш толку посебна и толку убава, ама знаев дека ќе го направиш светот поубаво место за живеење и знаев дека ќе бидеш своја, до коска! Добредојде во светот на возрасните Лора! Промени го светот, ама не му дозволувај да те промени тебе… п.с. Остаре и ти ќерко, готово. Среќен 18 роденден убавице и да имаш сто пати поубав к’смет од мојот!“, стои во пораката на Турунџиева до ќерка си.

Лора е постарата ќерка на Сузана, која ја доби во бракот со пливачот Александар Маленко.

Scroll to Top