Македонскиот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, кој лут си замина среде емисија, оти не доби ниеден глас од жирито, вели дека уште пред да настапи знаел дека нема да помине понатаму. Тој на „Инстаграм“ напиша дека во шоуто сè е договорено уште пред снимањето, но и покрај тоа решил да пее, бидејќи не сакал да ги изневери луѓето што го слушаат и го гледаат „Гранд“ заради него.
„Знаев дека ќе испаднам затоа што сè пред време се договара, кој ќе продолжи, а кој ќе замине, но сепак сакав да останам достоен до крај и да се појавам. За жал, вие гледачите не можете да видите што се случува зад сцената, па на сите ви е малку чудно. Што се однесува до гласањето на жирито, сè беше договорено пред мои очи и по ова мислам дека шоу како „Ѕвездите на Гранд“ не ме заслужува. Се стремам кон поголемо нешто од ова шоу, но секако ми беше една добра промоција, искуство и реклама, ништо повеќе од тоа. Уште еднаш ви се заблагодарувам на сите, останете со мене и очекувајте наскоро мои песни и музички проекти“, напиша Темелков.
За потсетување, тој во последната епизода од музичкото шоу не доби ни еден глас, па откако ја слушна критиката од Марија Шерифовиќ дека не е добар и дека нула гласови се реалната слика за неговото пеење, тој ѝ се заблагодари на неговата менторка Вики Миљковиќ, се заврте и замина од сцената среде емисија.
View this post on Instagram
(Видео) Александар Темелков му се налути на жирито во „Гранд“ и си замина среде емисија