Панчо од ДНК не го бендиса Васил: Песната за Евросонг е во топ 3 најлоши

Панчо од ДНК одговараше на прашањата на Инстаграм  од своите следбеници. Го прашаа :Што мислиш за Евровизиската песна на Васил Гавранлиев?

“Секогаш сум искрен, така ќе бидам и овој пат сакало да ви се допаднало или не, а исто и на него.

Песната воопшто не е мој фазон и искрено воопшто не ми се допаѓа не е по мој вкус. Според мене е во топ 3 најлоши евровизиски Мк нумери.

Повеќе наликува за на некое дизни фестивалче. Ама ако не пројде добро можеби наредната година пак ќе му дадат шанса, нели трета среќа. Му посакувам се најдобро нормално“., вели Панчо.

Васил пред дена ја промовираш песната со која ќе настапи на Евросонг. Мислењата се поделини, луѓето пртежно се фатија за некакво си бугарско знаме, кое го нема в спотот, ама го имало, велт…но, вакви реакции се најчесто случај кога Македонија треба да се натпрварува на Евросонг.

(Видео) Васил Гарванлиев го промовира спотот за евровизиската песна

Scroll to Top