Пејачот Филип Божиновски стана татко

Македонскиот пејач и поранешен учесник во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Филип Божиновски, стана татко. Неговата сопруга Сања Митровска роди девојче.

Божиновски самиот се пофали на „Фејсбук“ и напиша дека на еден ден пред неговиот роденден го добил најубавиот подарок во животот.

„Денеска, на 24 август, еден ден пред мојот роденден го добив најубавиот подарок. Чувството не се опишува. Емоциите не можам да ги објаснам со зборови. Мојата Сања Митровска ми роди ќерка. Станав татко. Новото поглавје во нашиот живот допрва почнува“, напиша Божиновски.

Scroll to Top