Перо Антиќ и Катарина Ивановска објавија дека се заедно

Кошаркарскиот ас и претседател на КФМ, Перо Антиќ, објави заедничка фотографија со топ-моделот Катарина Ивановска. Двајцата се заедно на ручек, а фотографијата ја објави и Катарина. Иако долго време се зборува дека се заедно, тие досега ниту потврдија ниту негираат дека се во врска. Ова е првпат да објават заедничка фотографија во јавноста, и тоа од кафеана.

„Заљубен сум и среќен. Имам девојка и сум во љубовна врска“, ни изјави Перо Антиќ неодамна кога беше во студиото на „Репортер“. Но, тој тогаш не кажа јавно како се вика девојката со која е во љубов. По ова, продолжија нагаѓањата дали се заедно или не. И двајцата имаат претходни бракови. Перо од бракот со Ружица има три деца, а Катарина, пак, од врската со Цобе има две деца.

„Имам нова љубов и среќен сум“ – искрено со Перо Антиќ

Scroll to Top