„Имам нова љубов и среќен сум“ – искрено со Перо Антиќ

By

„Кога почнав да играм кошарка, Марин Докузовски ме избрка од првиот тренинг затоа што сум доцнел. Тогаш по 80 деца како лубеници нè избираа кој го бидува а кој не. Еден ден стигнав да играм во НБА, ама она што го направивме со Македонската репрезентација во 2011 е нешто на кое најмногу се гордеам. И тогаш го истетовирав македонското знаме на градите“, вели Перо Антиќ, чија кошаркарска приказна му донесе сешто во животот.

dobivaj vesti na viber

Татко е на три деца. Зад себе го има бракот со Ружица за кој првпат прозборе во јавноста во инервјуто за Репортер: Подобро добар развод од лош брак. Не беше лесно да им објасниме на децата. Но, тие се најважни и тоа не може ништо да го смени“, вели Перо, кој има стан во близина на поранешната жена за да може постојано да биде со децата. Во интервјуто прозборе првпат и за новата љубов. „Навистина сум среќен“, открива Антиќ.

Со него муабетот не може да е досаден. Зборувавме за сè и сешто – од времињата во НБА кога играше за „Атланта“, па вели: Таму сè е опуштено, нема ни тренинзи, пред натпревар се излегува  во град. Замисли, кога играв во „Црвена звезда“, на Жељко Обрадовиќ да му кажам дека ќе излезам во град вечерта. Ама и сега ми е тешко во студио гласно да го изговорам ова“, низ насмевка раскажува Антиќ, актуелен претседател на КФМ.

Од секаде има по некоја приказна. Од оваа сега кога е во лоши односи со раководството на МЗТ до она кога за малку им избега третото место. „Дишевме како едно тогаш, секогаш сакам да зборувам за овој период“, вели Антиќ, кој ни откри што сè се случувало кога Македонија влезе во полуфиналето.

Од разводот до новата љубов, од тоа како му се јавија да му кажат дека ќе игра во НБА и зошто го уапсија во Њујорк, кој му се закануваше во Атина, за Коби и Леброн, за исчкраниот „мустаг“ и за тетоважите… гледајте во интервјуто.

Александра Георгиев

Ќе ви се допадне

go88 cổng game quốc tế Go88 - Huyền Thoại Nỗ Hũ Siêu To GO88 - Thiên Đường Giải Trí Online, Game Bài Online

where can i buy sunwink sunwin aaa sunwin apk 2020