По 13 години раскинаа Ирена Спасовска и Орце Гелевски

Фолк-пејачката Ирена Спасовска се раздели од новинарот Орце Гелевски по 13-годишна врска. Според порталот „7 дена“, пејачката наводно веќе три години била во врска со друг музичар, Амети Мухамедали – Мухи, а Орце пред десетина дена се иселил од нејзиниот стан. Двајцата ја потврдиле разделбата.

„Да, точно е дека се разделивме. За причините прашајте ја неа. Јас нема што друго да кажам. Мајка ми има проблем со здравјето и со неа деновиве сум по болници“, рекол Орце во кусата изјава.

И Ирена потврдила дека се разделиле, ама вели дека нема нов дечко.

„Имавме некои одредени проблеми и затоа сметавме дека најдобро решение е разделбата. Немам друго момче“, рекла таа.

 

Ирена и Мухи одамна настапуваат заедно во кафеани низ Македонија. Музичарот, прашан за наводната врска со Спасовска, одбил да даде коментар.

Scroll to Top