По 40 дена пејачот Спасен Сиљаноски ја победи короната

Фолк-пејачот Спасен Сиљаноски објави дека по 40 дена оздравел од коронавирусот. Веста ја објави на својот фејсбук-профил и напиша дека конечно добил два последователни негативни тестови за Ковид-19.

„Од срце ви благодарам на сите кои несебично ми ја дававте вашата поддршка и ви посакувам  многу здравје. Им посакувам здравје и на оние што го посакуваа мојот трагичен крај но Спасен Сиљаноски е лав и се бори до крај па не им се исполни желбата. Најголемото благодарам е за мојата сопруга зашто, иако знаеше дека може да се зарази од мене, не ме остави сам ниту една секунда.

За сето ова време поминато во изолација извлеков и некоја поука. Научив кои ми се вистински роднини, другари, пријатели, а научив и кои се лицемери и лажни ликови кои се плеткаат во мојот живот само од личен интерес.

Иако прилично лесно се справив со болеста и со лесна физичка болка, имаше една друга болка многу потешка од Ковид-19, а тоа што  не смеев да си ги гушнам децата. Во една прилика ми рекоа: ‘Тато зошто не сакаш да се гушкаме и зошто не спиеш со нас? Ти повеќе не нè сакаш’. Си отидоа од мојата соба плачеќи, тие плачат на глас, а јас затворен плачам сам и душата ме боли.

Ветувам дека стојам на располагање да ја донирам мојата крвна плазма доколку на некој му е потребна“, напиша меѓу другото пејачот.

Тој најави и дека наскоро ќе птомовира нова песна.

Scroll to Top