Почина филологот и книжевен теоретичар Атанас Вангелов

Книжевниот теоретичар и филолог, проф. д-р Атанас Вангелов, почина денеска на 75 години, објави неговото семејството на социјалните мрежи. Тој е добитник на годинашната награда „11 Октомври“, а добитник е и на награда за животно дело во областа на науката и образованието.

Вангелов бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, а од 1967 е член на Друштвото на писателите на Македонија. Тој беше професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а работел и како новинар, преведувач, драмски автор и критичар.

Автор е на над 20 книги поезија, проза, драма, критика, студии и книжевна теорија.

Во својата долгогодишна кариера, тој е добитник на наградите „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Божидар Настев“, „Димитар Митрев“, „Златно перо“, „Григор Прличев.

Scroll to Top