Почина истакнатата македонска актерка Сабина Ајрула-Тозија, позната по многу театарски и филмски улоги, кај нас и во Турција

Познатата актерка Сабина Ајрула-Тозија почина на 75 годишна возраст во Скопје. Веста ја објави актерот Сашо Ристовски кој сподели нивна фотографија.

„Не напушти нашата легендарна актерка, Сабина Ајрула Тозија. Тетка Сабина, легендо наша. Немам збор да прозборам. Патувај, патувај. Вечна ти слава кралице на сцената“, напиша тој.

Во февруари оваа година Ајрула-Тозија беше оперирана од тумор на мозокот, откако претходно ѝ се слошило на снимањето на една од епизодите на турската серија „Мафијата не го контролира светот“.

Операцијата беше околу Нова година, во Скопје, а веста за „Репортер“ тогаш ни ја потврди министерот за здравство Венко Филипче и семејството на Ајрула.

„Сабина е добра, се опоравува од операцијата, а и добро ѝ оди за сега. Се движи сама и по малку шета“, ни изјави тогаш за Репортер.мк министерот за здравство Филиче.

Сабина Ајрула беше познато име на македонската театарска сцена и истакната актерка во повеќе телевизиски и филмски продукции во и надвор од земјата. Во своето долгогодишно искуство соработуваше со повеќето реномирани македонски и странски режисери.

Актерката ќе биде запаметена по бројните улоги во филмови: „Сенки“, „Тетовирање“, „Преку езерото“, „Време на летала“ и многу други. Како и во сериите „Величенствениот“, „Фамилија Марковски“, „Салон Хармони“. „Зоки Поки“ и други.

Актерката Сабина Ајрула оперирана од тумор на мозокот откако ѝ се слошило на снимање

Scroll to Top