Почина новинарот Крешник Ајдини, еден од основачите на ЦИВИЛ

На 55 годишна возраст почина новинарот, преведувач, културен работник и активист за граѓанското општество Крешник Ајдини. Ајдини е еден од основачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода во 1999 година и на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа во 2009 година.

Тој беше основач и сопственик на Лајф Радио во 2002 година. Преведе голем број важни дела од албански на македонски и обратно, со што даде огромен придонес кон запознавање на двете култури. Крешник Ајдини почина вчера, на 16 јуни, кога наполни 55 години. Погребот ќе се одржи денеска, 17 јуни, во Дебар, во 13 часот.

Scroll to Top