Почина Зоран Георгиев , запаметен по евргринот „Еден бакнеж“

Македонскиот пејач Зоран Георгиев почина во 77-та година од животот, по кратко боледување. Тој почина во Белград, каде што живееше изминатите децении. Роден  е во Охрид, а ќе остане запаметен по македонскиот евергрин „Еден бакнеж“, кој во далечната 1962 година на фестивалот „Опатија“ го отпеаја со Нина Спирова и заедно победија.

Георгиев во 2012 година ја доби наградата „Буба Мара“ за животно дело.

Scroll to Top