Поранешнот водител Гоце Андреевски се венча со својата девојка Даниела

Поранешниот водител и сегашен портпарол на МВР, Гоце Андреевски се венчаше со својата девојка Даниела Арсовска. Двојката се сврши лани во Охрид, а радосната вест тогаш ја објави Даниела покажувајќи го прстенот со кој Гоце ја запроси.

Гоце е познат по тоа што не открива многу за приватниот живот, но во по свршувачката често споделуваше слики со девојката.

Додека работеше во телевизија, Гоце ја водеше емисијата „Црвена линија“, но во јавноста е најпознат и како Гоце од „Утринска на Телма“, емисија која ја водеше четири години заедно со неговите колешки и колега Цеце Трајковска, Марко Марк и Елена Митева.

Тој во „Телма“ работеше неколку години а ги водеше и емисиите поврзани со ракометните првенства се до моментот кога не стана портпарол на Министерството за внатрешни работи. Претходно, работеше и како водител во „Алфа“.

(Фото) Се сврши Гоце од „Утринска на Телма“ – Reporter.mk

Scroll to Top