Повикот за музичката манифестација ‘Нешто што ќе остане” трае до утре

Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што работат во полето на културата и кои имаат седиште во Општина Центар, да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за реализација на музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“. ж

Тој потенцира дека оваа музичка манифестација и годинава повторно ќе го размрда Паркот на франкофонијата со звуците на македонските изведувачи.

„Лани, ‘Нешто што ќе остане’ беше нашиот настан на годината. Заедно со скопјани уживавме во добра квалитетна музика, ги пеевме најпознатите македонски хитови. Културата е таа којашто не спојува, културата е душата на Центар, на Скопје. Затоа, ги повикувам сите заинтересирани да се пријават на настанот и повторно да создадеме нешто што ќе остане, што ќе го паметиме и ќе бидеме горди“, вели Герасимовски.

Општина Центар бележи континуирано зголемување на буџетот за култура, кој од 4 милиони денари на почетокот на мандатот на градоначалникот Герасимовски, денес изнесува 13 милиони денари, што претставува трикратно зголемување.

Овој повик нуди можност за финансиска поддршка до 1.840.000 денари за организација на културниот настан, со цел поддршка на македонската музика, уметници и продукција. Пријавените треба да предложат целосна четиричасовна програма со реномирани македонски изведувачи и водител, како и целокупна логистика за реализација на настанот.

Рокот за пријавување трае до утре (четврток), односно 7 дена од денот на објавувањето на повикот на веб-страницата на Општина Центар: www.centar.gov.mk

Пријавите се доставуваат во архива (барака 6) или по пошта на адреса: Општина Центар – Скопје
Сектор за јавни дејности / Одделение за култура
ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје
со назнака: „Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проектот ‘Нешто што ќе остане’“

Формуларот за пријава е достапен на веб-страницата на Општината: https://www.centar.gov.mk/?p=25930, пријави се!

 

Scroll to Top