Пожарот во пансионот не го пеплоса „Преспав“, туку носи многу нов хумор: Почна снимањето на шестата сезона на хит-серијата

Откако петтата сезона на хит-серијата „Преспав“ заврши со пожар во пансионот, по пауза од речиси една година почна снимањето на шестата сезона на хит-серијата. Новата сезона ќе има 20 епизоди, а продуцентите ОХО и МРТВ велат дека пожарот наместо да го пеплоса „Преспав“, ќе донесе многу хумор и изненадувања со Коста, Ула, Миле, Јелена, Талат…

Новите епизоди на популарната серија ќе почнат да се прикажуваат од декември.

„Иако последната епизода од петтата сезона заврши со пожар во пансионот, тоа не е крај за ‘Преспав’. Серијалот е во зенитот, а ние сме тука подготвени повторно да ја насмееме публиката, инспириран од турбулентната општествена реалност. Кога минатата година среде пандемија го совладавме големиот предизвик и успешно ја снимивме петтата сезона, тоа ни даде особена мотивација да продолжиме понатаму“, велат од продукцијата.

Продуцентот Пеце Талески, кој неодамна откри дека „Преспав“ е меѓу најгледаните серии во Бугарија, за новата сезона вели:

„Со тој ветер во грб, оваа сезона ќе ја реализираме по најдобри сценарија досега, ќе се потпреме на интернационален тим сценаристи, но и на секој поединец вклучен во продукцијата“.

„Преспав“ од 2019 година се емитува во Бугарија, а неодамна епизоди од серијата беа прикажани и во Србија во рамки на неколку фестивали за ТВ-продукција, поради што авторите се надеваат дека хит-серијата наскоро ќе се емитува и на некоја од српските телевизии.

Во главните улоги настапуваат: Јелена Јованова, Игор Ангелов, Тијана Дапчевиќ, Васил Зафирчев, Игор Џамбазов и други.

„Преспав“ помина на референдум, изгласана шеста сезона и почнува снимањето

Scroll to Top