Прилепски џез фестивал од 24 до 30 август

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, во недела на 24. август со концертот на Next To Silence на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука ќе започне четиринаесеттиот прилепски џез фестивал „Prilep Jazz Weekend“ кој оваа година ќе трае седум дена, до 30 август.

Првите четири дена ќе ги проследиме концертите од OFF програмата кои ќе се одржат на Археолошкиот локалитет Врбјанска Чука и во клубот Калинка, додека концертите од официјалниот дел на програмата, публиката ќе може да ги проследи на летната сцена од НУЦК Марко Цепенков.

Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика.

Фестивалот ќе го затворат легендaрните ОБОЈЕНИ ПРОГРАМ кои повеќе од четири децении се присутни на сцената.

Prilep Jazz Weekend е веќе четиринаесет години домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена и е позициониран на картата на значајни музички манифестации, не само во Република Македонија, туку и еден од позначајните во регионот воопшто. Во изминатите години сите што настапија на неговата сцена, оставија белег во креирањето на фестивалската историја и извршија силно влијание врз прилепската публиката.

Влезници може да се купат на плоштадот во #CityTobacco. Детални информации за фестивалот се објавени на www.prilepjazz.mk.

Scroll to Top