Принц: Сме направиле песни, не може ние да бидеме оштетени

Откако Министерството за култура и МРТ решија да се поништат одлуките за доделување субвенции за македонската музика, музичарите се договориле да поднесат заедничка тужба и бараат да им се исплатат парите. Според „Фокус“, тужбата ја подготвуваат стотина уметници, продуценти, изведувачи и автори.

„Постои Закон и распишан е конкурс согласно Законот. За сите нерегуларности во спроведувањето на Законот одговорни си се носителите и извршителите. Луѓето направиле песни и ги пријавиле, по никој основ не може тие да бидат оштетени заради неспроведување. Одговорот е едноставен, Управна постапка“, рекол Александар Ристовски – Принц, кој за три нови нумери требаше да добие 9.000 евра.

Министерството за култура и Македонската радио телевизија вчера преку заедничко соопштение информираа дека се договориле да се поништат одлуките со кои ќе им се даде финансиска поддршка на македонските музичари.

„На состанокот беше констатирано дека актуелниот Законот за поддршка на домашната музичка продукција не ја исполнува функцијата за која е донесен“, стои во дел од заедничкото соопштение.

Според првичните одлуки, фолк-пејачот Али Бајрам и на поп-пејачите Авни Аљији и Дарио Панковски требаа да добијат по 9.000 евра за две песни бидејќи беа рангирани во категоријата „ѕвезди“ каде финансиската поддршка изнесува 4.500 евра за едена песна (3.000 евра за снимање на песната и 1.500 евра за спот).

Поп-пејачот Ѓорѓи Крстевски беше рангиран како изведувач на народна музика. По 3.000 евра од песна требаше да добијат Ристо Самарџиев, Бајрамаљи Идризи и Кристијан Габровски. Габровски за сите прифатени песни требаше да добие 36.000 евра.

Scroll to Top