Традиционалниот Саем на венчавки ќе се одржи од 23 до 25 февруари во хотелот „Александар палас“. Во венчаница на модната писта ќе дефилираат познати македонски личности.
Годинава темата ќе биде „Дизниленд“, а заштитното лице е ТВ-водителката Александра Велинова, која ќе биде облечена како една од принцезите на „Дизни“.
Во овој стил ќе биде направена пистата на која ќе дефилираат познатите македонски личности. Најдобрите македонски креатори на венчаници и свечени костими ќе ја претстават кралицата на вечерта, а сето тоа ќе биде збогатено со декорации од најдобрите свадбени организатори.
Посетителите ќе имаат можност да видат костуми, бурми и накит, декорации, свадбени покани, додатоци, фотографи, осветление, ресторани, козметички студија, свадбени патувања, подароци за свадба. Лани темата беше „Совршена пеперутка во традиционален македонски стил“.