Актерката Тања Кочовска на нејзиниот фејсбук-профил објави дека нејзината мајка Невенка, која боледува од алцхајмерова болест е пронајдена и дека се наоѓа дома. Таа им се заблагодари на сите за помошта.
Претходно, глумицата објави дека нејзината мајка утрово околу 9:30 излегла од дома и дека неколку часа не била вратена.
Невенка Кочовска и нејзиниот сопруг Панче беа дел од ансамблот „Мањифико“, формиран во 1959 година и постоел до 1990 година.