Прво злато за македонската кошарка, младите кошаркари станаа европски прваци во Б-дивизијата

Jуниорската репрезентација на Македонија се закити со титулата на Европското Првенство – Б дивизија што се одржува во Скопје, откако победничка серија ја продолжија и на денешното финале против Австрија, триумфирајќи со конечни 98-88. Со победата, оваа генерација кошаркари по две години пак се враќа во европската елита.

За младинските селекции на Македонија ова беше четврто финале во натпреварувањата од „Б“ дивизијата и прв трофеј. Селекцијата до 20 години играше финале минатата година во Скопје, но и во 2006-тата во Лисабон и двапати загуби.

Македонија одигра осум натпревари на првенството во Скопје и оствари совршен скор од осум победи.

Scroll to Top