Вчеравечер во Македонската опера и балет се одржа десеттото издание на радискиот музички фестивал „МАРС“, каде што беа прогласени најголемите хитови за изминатата година. За апсолутен музички хит за 2017 година е избрана песната „Ова лето ќе се памти“ на Влатко Лозаноски, а „Меморија“ добија награда за трајни вредности.
На фестивалот покрај песните, подеднакво големо внимание предизвикаа сценските настапи, но и изборот на гардеробата на учесниците и на презентерите на награди, кои овој пат се потрудиле да изгледаат впечатливо на сцената.
Девојките избрале посмели, провокативни и впечатливи костуми. Најголемо внимание привлече Теа со златното фустанче и многумина се запрашаа дали под него носи долна облека. Впечатлива беше и Ања Ветерова со периката и бодито со светки, во стилот на мјузиклот „Чикаго“.
Момците и овој пат се решиле за покласични комбинации, костуми или џемпери со фармерки.