Ребека организира пливање за лицата со хендикеп

By

Хуманитарното здружение за лицата со хендикеп „Дајте ни крилја“, предводено од поп-пејачката Ребека, вечера го почна семинарот за халвик методата, односно терапевтско пливање за лица со хендикеп или попреченост.

„Практичниот дел е во хотел ‘Русија’, во спа-центарот, а теоретскиот дел, пак, во ФОН универзитетот, каде што секој ден ќе има предавања и ќе се делат сертификати в недела. Со ова ‘Дајте ни крилја’ продолжи посветено да работи на подобрување на квалитетот на животот на оваа категорија луѓе“, ни изјави Ребека.

Ова, вели Ребека, го практикувале веќе 7 години во салата „Борис Трајковски“, без никаков надомест.

Ќе ви се допадне